
Линкер
Линкер е уникатна иницијатива, спроведена во соработка со најголемата студентска организација УСС-УКИМ и Студентарија, најпознатата платформа за студентите во државата. Заедно, креиравме можност која го олеснува процесот на наоѓање студенти за флексибилни работни часови. Нашата цел е да обезбедиме работни места кои не ги обврзуваат студентите прекумерно и им дозволуваат да работат според својот распоред, со само неколку часа неделно или еднаш-два пати неделно.
Мисија и визија
Која е нашата мисија?
Преку создавање на платформата сакаме да им овозможиме на студентите и поединците полесно да најдат флексибилна работа, која ќе им овозможи баланс меѓу обврските и професионалниот развој и работни позиции кои одговараат на нивните потреби и цели.
Која е нашата визија?
Свет во кој секој има пристап до можности и јасен пат кон кариерен успех.